речник контакт

Кој се сака да биде директор на ЈКП Дервен?

Шестмина велешани конкурирале за прв човек на комуналците

Петар Печков

Според неофицијалните, но потврдени информации за директор на ЈКЈП Дервен конкурирале овие  шест лица;
Златко Пљаков, Љубомир Ракиџиев, Бранислав Михајловски, Ангел Сараулев, Бобан Пановски и Фиданчо Цековски (кој е единствен кандидат вработен во претпријатието).

Изборот е на градоначалникот Горан Петров, кој треба  во скоро време да го именува директорот на ЈКП Дервен. Ова доаѓа откако досегашнито директор Сашко Крстевски си поднесе оставка, по бранот на промени од страна на владеачката ВМРО-ДПМЕ.

Оваа партија го повика ,,секој оној кој има волја, знаење, ентузијазам и кредибилитет да придонесе во реформите и модернизацијата и кој со своето однесување не ги прекршил принципите на отвореност, чесност, законитост. Очекуваме новите кадри кои ќе ги пополнат функциите кои се испразнети да вложат силна енергија и нова свежина и квалитет во исполнувањето на ветувањата,, велеа од ВМРО-ДПМНЕ.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »